Ред Бул открија дека разговарале со Себ за враќање во тимот

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека се размислувало за враќање на Себастијан Фетел во тимот наместо да се носи Серхио Перез.

Германецот го имаше најуспешниот дел од својата Формула 1 кариера токму во Ред Бул каде освои четири последователни титули кои беа двојни. Во 2015 година замина за Ферари, а од 2021 година е во Астон Мартин, но успесите постигнати со тимот од Милтон Кинс никогаш не ги повтори.

Чеко Перез дојде во тимот од почетокот на 2021 година, а запрашан дали тимот размислувал да го врати Фетел, Хорнер потврди дека имало разговори, но враќањето на Себ го спореди со смирување со поранешна девојка, нешто што никогаш не може да биде добро како претходно.

имавме некакви првични разговори, но тоа ќе беше како да се враќате кај порнешна девојка, веројатно никогаш нема да биде добро како првиот пат. тоа што заедно го постигнавме беше неверојатно, беше феноменален период и тоа секогаш ќе биде дел од нашата заедничка историја на што сме неверојатно многу горди – вели хорнер.

Шефот на тимот посочи дека не бил свесен дека Себ планира да се повлече на крајот од оваа сезона пред јавно да ја објави својата одлука, но смета дека е вистинска. Како дел од Астон, германецот немаше достоен болид за да нападне како што му доликува и редовно се мачеше да се носи со оние од средина на поредокот.

мислам дека никој не знаеше дека тој ќе објави дека ќе се повлече. јас видов кога замина од падокот на пол рикар и тоа беше фрустрирачки ден за него, како и многу претходно.

сметам дека си ја донесе вистинската одлука затоа што не припаѓа во средната на поредокот и не е задоволен да се трка таму, така што подобро е да ја заврши својата неверојатна кариера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ