Ред Бул. Победата во Имола беше голема работа

Тимскиот шеф на шампионскиот Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека 1-2 победата во Имола била голема психолошка работа во борбата против Ферари. 

Ферари ја започна сезоната со две победи на првите три трки откако двајцата возачи на Ред Бул не ги завршија истите, но Ферари направи неколку стратешки грешки на Имола и Ред Бул дојдоа до 1-2 победа. 

Мислам дека тоа беше многу важно за нас за да останеме во игра. Првата трка не ја завршивме со двата болида, Но моравме да се бориме.

Имола беше клучен викенд за нас каде победивме против Ферари на нивни домашен терен и тоа беше голема работа. Го развивавме и подобрувавме болидот – посочи британецот.

Имола беше почеток на шест последователни победи за Ред Бул. 

По Австралија имавме тежок викенд за да се вратиме во борба. Имавме многу потенцијал во Имола и болидот се развиваше и стануваше полесен. Мислам дека тоа беше пресврттот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ