Ред Бул повторно превзеде инженер од Мерцедес

Ред Бул продолжуваат да го развиваат својот Пауертреинс оддел за мотори и кај себе донесоа уште еден член на Мерцедес од нивната фабрика во Бриксворт.

Фил Пру, одличен инженер на висока позиција во Мерцедес, ќе ги засили редовите на Ред Бул. Откако ќе стапат на сила новите правила за моторите од 2026 година, Ред Бул имаат намера во својата Пауертреинс дивизија сами да ги произведуваат своите мотори.

Пру е многу важен дел од одделот за мотори на Мерцедес и има долга и плодна Формула 1 кариера. Работеше под Адриан Њуи во Мекларен од 1997 до 2016 година, беше инженер за трка на Дејвид Култхард, Луис Хамилтон и Серхио Перез во тимот, а како еден од главните инженери во Мерцедес направи трансфер потоа.

Откако на почетокот од минатата година Ред Бул официјално го потврди формирањето на својот оддел за мотори, засилено земаат инженери, претежно од Мерцедес кои се репер за мотор во спортот од 2014 година, а дополнително, Бриксворт, каде што е Мерцедес е само 45 минути од Милтон Кинс, седиштето н Ред Бул.

сите клучни фигури дојдоа во нашиот оддел за мотори. имаме поставено менаџерска структура и работат напорно на она што наскоро треба да биде потврдено, правилата од 2026 година – најави хорнер за време на викендот на хунгароринг.

Улогата на Пру сеуште не е потврдена, но Хорнер е воодушевен што ќе го има во екипата.

воодушевен сум што фил ќе стане дел од тимот. има неверојатна кариера и беше еден од клучните луѓе во мерцедес и во нивната скорешна доминација. со него само покажуваме во која насока сакаме да се движиме со развојот на моторот.

мислам дека составивме одлична екипа за овој бизнис и убаво е да се види како се склопува тимот. фил е еден од клучните и само ќе ја дополни ионака талентираната група на луѓе. адријан го познава фил многу долго и јасно е дека се консултиравме и со него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ