Ред Бул први ќе го претстават својот болид

Двојните шампиони Ред Бул станаа 8от тим на гридот кој потврди кога ќе го промовира својот нов болид и тоа ќе се случи на 3от ден од Февруари во Њу Јорк.

“Биковите“ ја имаа најуспешната сезона минатата година, Макс Верстапен стигна до својата втора последователна титула, тимот конечно го детронизира Мерцедес, а победија дури 17 пати на вкупно 22 трки. Наследниот на РБ18 има тешка задача да го повтори постигнувањето на својот претходник, а тимот од Милтон Кинс преку социјалните мрежи потврди дека промоцијата ќе биде на 3 Февруари.

Така, болидот на Ред Бул ќе биде претставен моментално од 8те промоции до сега потврдени и тоа три денови пред Вилијамс кои се решија да ги покажат шарите на својот пакет на 6 Февруари. Единствено Алфа Ромео и Хаас не потврдиле кога ќе ги покажат своите пакети.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ