Рене Арно: Да се прашував јас, ќе го отпуштев Биното одамна

Поранешниот возач на Ферари, французинот Рене Арно, откри дека да се прашувал тој, ќе го отпуштел Матиа Биното одамна.

Швајцарскиот инженер ја плати цената на годинешниот неуспех со болидот, проблемите со издржливоста и стратешките грешки кои им го уништија походот кон титулата. На почетокот од сезоната, славната екипа од Маранело победи два пати на првите три трки и имаа значителна предност прд Ред Бул и Верстапен, но следуваа грешки и проблеми проследени со силен напредок од Ред Бул и двоен наслов за Милтон Кинс.

Арно две години од својата Формула 1 кариера мина токму во Ферари победувајќи три пати за нив.

не ми се допадна што толку конкурентен ферари загуби титула, а почна фантастично добро. вистина е дека имаа проблеми со издржливоста, но на некои трки како да грешеа намерно, така барем изгледаше.

грешките кои биното ги направи како шеф на формула 1 екипа по мене се непростиви. никогаш не сум бил на негова страна, не сакам луѓе кои постојано велат дека догодина ќе биде подобро. да се прашував јас, ќе го отпуштев пред неколку години затоа што таквото однесување кај најубавата екипа во светот не смее да се толерира – изјави арно за Gazzetta dello Sport.

По отпуштањето на Маурицио Аривабене во 2019 година, дотогашниот технички шрф, Матиа Биното, го превзема тимот.

тоа што му дадоа две улоги како шеф на тимот и технички директор беше голема грешка. во денешната хипер-специјализирана формула 1 никој не може да прави се.

Наследнк на Биното од следната година е биде искусниот Фредерик Васур, а Арно смета дека персоналот на француинот во Маранело ќе бидат клучни.

васур мора да ги најде вистинските луѓе, не мора да знае како се прави менувач или мотор, жан тод поима немаше како се прави тоа. мора да имате вистински, мотивирани и компетентни луѓе на вистинското место и само правилно да ги менаџирате.

кога го имате рос браун технички директор и рори брн и паоло мартинели како дизајнери, само треба да направите да може добро да работат, тод тоа го знаеше, а васур мора да го научи.

го знам васур, сум разговарал со него, но не доволно за да можам да кажам дали е вистинскиот човек за ферари или не. видовме какви резултати постигна со алфа ромео, но менаџирање на ферари е сосема поразлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ