Рено убедени дека го решиле проблемот со ладењето

Возачите на Рено, Естебан Окон и Даниел Рикардо, открија дека тимот верува дека проблемот со ладилникот кој предизвикуваше рпегрвање на моторот за време на првите две трки на Ред Бул Ринг е веќе решен.

Рикардо се откажа од првата трка во сезоната поради проблем со ладењето на моторот, додека истиот дефект му се случи на Окон седум денови подоцна, а тоа што боли е фактот што откажувањата беа додека воазчите беа во поени.

По Штарското Гранд При, Марцин Будковски изјави дека проблемот е во заварувањето на одредени делови на ладилникот, делови кои ги набавуваат од добавувачи и не ги произведуваат сами, но најави решение за претстојниот тркачки викенд.

во моторспортот никогаш не може да нема ризик, но мислам дека проблемот е познат и поради тоа е решен и се надевам дека во иднина нема да се повтори. секако дека никој не сакаше еден проблем да донесе две откажувања, но во продолжение на сезоната мораме да искористиме се што ни се дава – објасни окон.

ни кажаа дека се изгледа ветувачки по две откажувања на првите две трки кои не сакавме да ги имаме. но, сега ќе биде подобро – дополни рикардо.

Австралијанецот дополни дека овогодинешниот РС20 пакет на Рео е подобар од својот претходник, особено во задниот дел.

не сакам да навлегувам во детали, туку да објаснам без да издадам нешто затоа што не се работи само за притискање гас и кочница, туку треба да бидете во можност колку што може порано да ја испорачате целата моќ од моторот.

формула 1 болидот има силе грип, тоа е вистина, но многумина кои гледаат на телевизија мислат дека по крајот на кривината веднаш притискаме полна гас и тоа е тоа. но, не е така, има големо чувство во тоа што може да направи проблем.

го чувствувате грипот и ви требаат неколку секунди пред да сте под полна гас, но со овој болид тоа е скусено затоа што има повеќе потисна сила и повеќе грип. повеќе ја чувствуваме моќта од моторот, тоа е голема работа и е одлично, излезите од кривините се подобрени, очигледно беше уште од тетирањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ