Рикардо би прифатил да вози во АлфаТаури, но не под секој услов

Австралиецот вели дека би прифатил возачко место во АлфаТаури доколку тоа значи дека може да се врати во Ред Бул.

Даниел Рикардо откри дека би прифатил да вози во АлфаТаури со цел да ја спаси надежта за враќање во Ред Бул и неговата Ф1 кариера.

Австралиецот го напушти тимот од Милтон Кинс на крајот на 2018 година и се пресели во Рено, каде за две години обезбеди само три подиуми.

Шокантниот премин во Мекларен во средината на тој проект се покажа како разочарување, и покрај тоа што стана единствениот победник за екипата од Вокинг по Џенсон Батон во 2012 година. Поради падот во перформансите го загуби своето место на крајот од минатата сезона беше заменет од сонародникот Оскар Пиастри.

Рикардо моментално е третиот возач на Ред Бул кој ја одбил шансата за возење во послаб тим на гридот.

Но, со оглед на тоа што Ник де Врис има слаби перформанси досега оваа сезона и се соочува со неизвесна иднина, постои шанса Рикардо да направи пресврт.

Останувам со отворен ум.

Ако станува збор за тригодишен договор и тоа е единственото место каде што би останал, тогаш не, тоа можеби не е договорот што би го барал.

Но, ако постои можност очигледно да бидам во Ред Бул, вистина е дека ова е местото каде што сакам да бидам.

Би сакал да се вратам на гридот следната година – додаде Рикардо.

Доколку работите не се одвиваат како што би сакал и јас сум повторно настрана следната година… тоа не е мојот план А, но не би се налутил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ