Рикардо би се вратил на гридот, но само со силна екипа

Даниел Рикардо посочи дека ќе се врати на Формула 1 гридот само ако најде конкуентно место и силен тим за себе, така што отфли било какво тркање на средина од поредокот.

Австралијанецот замина од Мекларен по крајот на минатата сезона откако двете страни се согласија за предвремен раскина на потпишаниот тригодишен договор и стана тест, развоен и резервен возач на поранешниот тим, Ред Бул.

штом почне тркачката сезона нема многу време за размислување, ја анализирате само претходната трка и што би направиле поинаку, но не обрнувате внимание на големата слика. дури по две години во мекларен сега дури можам да сфатам што се случило и што сум можел поинаку. ако се вратам на гридот догодина, веќе знам што ќе направам поинаку што е добро, затоа што немаше да бидам свесен за тоа ако се тркав.

Осумкратниот победник на трка посочи дека ќе се врати на тркањето само доколку најде место во некоја врвна екипа.

она што сакам да го извлечам од оваа година е да сум многу свесен што сакам, но и што не сакам, а тоа веќе можам да го одговорам. не сакам да се вратам на самиот почеток, не сакам да сум на гридот и да е мачам за 18то место, така што не сакам да се тркам во формула 1 по секоја цена.

тешко е да се најде место во некоја силна екипа, но знам дека таму сакам да бидам, тоа го сакам. во овој момент од мојата кариера сум гладен и мотивиран да се тркам на врвот, тоа го сакам иако знам дека ќе биде тешко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ