Рикардо ги оцени перформансите во Франција како очајни

Даниел Рикардо си даде оцена -46 од можни 10 за своите перформанси во Франција откако по втор пат влезе во поени. 

Возачот на Мекларен имаше солиден старт на трката и се најде во дуел со Естебн Окон од Алпин од кој ја загуби позицијата. Двајцата возачи имаа борба на патеката при што Окон отиде прешироко и Рикардо смета дека бил добар дуел. 

Се обидов да го задржам Естебан најдолго што можев, Но на крајот тој ме стигна. Во првиот дел од серијата сметав дека ќе бидам блиску до него и ќе имам повеќе гума за борба, но тоа не се случи и почнав да губам грип. Сметав дека ја губам трката – посочи австралијнецот.

Во жешките услови на Пол Рикар, гумите брзо се трошеа и Рикардо смета дека тоа било поголемо од очеквуаното или вообичаеното. Тој објасни зошто бил престигнат од Окон и како останал зад него до крајот на трката. 

Не знам што се случи, но не бев преагресивен со гумите. Мораше да се менаџираат и не сум сигурен зошто ме престигна, но мора да си ја завршиме домашната. 

Двајцата возачи на Мекларен завршија зад нивните конкурентни од Алпин и со тоа Алпин изби пред Мекларен на четвртата позиција. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ