Рикардо: Дајте ми победнички болид и ќе победам

Даниел Рикардо останува одлучен во барањето дека со победнички болид пак ќе може да се врати на победничките патеки. 

Автралијанецот има осум победи зад себе во кариерата од кои седум со Ред Бул, а последната е минатата година на Монца со Мекларен. Но сепак, тој се мачи да му парира на колегата Ландо Норис. 

Дајте ми победнички болид и ќе победам на трка. Не сум се откажал од победите, Но предизвикот е пред нас, пред мене и пред Мекларен. Не е нешто што лесно се решава.

Треба да најдеме решение. Имам самодоверба и мислам дека сеуште се будам со истата помисла – откри дани.

Рикардо има договор со Мекларен до крајот на 2023 година иако многупати се зборуваше дека Мекларен сакаат предвреме да му го раскинат доогворот. 

Си ја знам иднината и мојот договор. Луѓето секогаш сакаат да поставуваат прашања на кои веќе си имаат одговор. Имам луѓе кои ме подржуваат и веруваат во мене и мене тоа ми значи. 

Но, иако Рикардо има мотивација тој се мачи со болидот на Мекалрен. 

Болидот се поврзува со тебе и тој е дел од тебе и Секое движење го правите заедно. Мора да има некаква синхронизација, Но доколку го нема тоа, не може да танцувате заедно. Мислам дека сме близу и секој викенд е се подобар. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ