Рикардо искрен: Никогаш нема добра причина да се отпадне во К1

Даниел Рикардо откри дека неговиот проблем со ДРС во текот на првата тренинг сесија ги уништило квалификациите, но посочи и дека никогаш не може да постои доволно силна причина за да се отпаден во првиот сегмент.

Осумкратниот победник на Гранд При трки не напредуваше надвор од првите 18 квалификациски минути така што спринтот во сабота ќе го почне од 16то место. Австралијанецот имаше проблеми со задното крило за време на единствениот тренинг и комплетираше најмалку кругови во текот на предвидените 60 минути.

проблемот со дрс ми го загрози сетирањето и уништи квалификациите. но, никогаш нема доволно добра причина за да се испадне во к1, но за жал тоа се случи.

ќе се обидеме да најдеме причина поради која се случија проблемите затоа што имаме долг викенд пред нас, имаме две трки и тоа е позитивно. сакам да имам добар старт и да надоместам неколку позиции. јасно е дека никој не сака да отпадне уште во к1 – посочи дани.

Трката на Спилберг беше втора годинава на која австралијанецот испаѓа во првиот сегмент, а запрашан каде губи време, тој одговори:

изгледа дека губам по малку секаде. не сакам да речам дека напреднав затоа што сум многу далеку. губам на секој дел од патеката и се обидувам да се смирам.

сакам да бидам подобар, не сакам само да се појавам и да кажам дека се гледаме на следната трка.

сакам да сфатам што се случува затоа што тоа е единствен начин да станам подобар затоа што само така учам и разбирам повеќе. сакам да бидам зрел во оваа ситуација.

имаме долг викенд пред нас и сакам само да гледам кон напред и кон наградата што можам да ја добијам ако продолжам да работам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ