Рикардо казнет за сударот со Магнусен

Даниел Рикардо ќе стартува три места поназад на гридот на Гранд При трката во Абу Даби, последна Формула 1 трка за него во Мекларен. 

Тој успеа да дојде до 11та позиција на спринтот во Сабота на Интерлагос, куса трка од 24 кругови на која Магнусен беше на пол позицијата. 

По неколку свиока во првиот круг од главниот настан во Недела, тој тргна да го престаса Магнусен. но го удри и го изврте за на крај Магнусен да заврши во него. 

Поради ова, на сослушувањето беше одлучено дека тој е виновен и доби казна од три места на гридот во Абу Даби. Рикардо признал дека тој направил грешна проценка и стујардите одлучиле дека потегот не бил невнимателен. Но сепак, бидејќи инцидентот бил помеѓу два болиди и не влијаел на другите болиди не може да се смета за инцидент од прв круг. 

Стујардите одличја дека Магнусен возел нормално и не направил некој чудни потези. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ