Рикардо најавува трка со две промени на гуми

По фијаското со гумите на трката во Силверстон минатиот викенд и фактот што Пирели носи едно скалило помеки компоненти сезонава, трката која е на програмата претсојниот викенд на истата патека ќе биде трка со две застанувања во бокс, смета Даниел Рикардо.

Јубилејното Гранд При кое е на програмата неделава по повод 70-годишнината од Формула 1 ќе се вози на славниот автодром во Нортхемптоншир каде Хамилтон, Саинз и Ботас имаа проблеми со предната лева гума на самиот крај од трката минатиот викенд.

Даниел Рикардо смета дека со помеките гуми возачите нема да имаат можност да ја комплетираат трката со само едно застанување за промена како на најголемиот дел од настаниет сезонава.

втората трка ќе се вози со едно скалило помеки гуми и тоа секако дека ќе биде интересно. не гледаме многу трки со две промени на гуми, но викендов пред нас ќе има таква/

целта за нас ќе биде да имаме колку што може подобри квалификации и да се прикрадеме високо на стартот од трката затоа што ритамот во недела ни е одличен и треб само да го искористиме.

се надеваме на слиќен резултат како и на минатата трка, можеби можеме и повеќе, кој да знае. мислам дека времето повторно ќе биде топло цел викенд, а тоа ќе носи нови предизвици. исто така традиционално на силверстон има доста ветер што  незгодно за болидите – објасни рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ