Рикардо: Немам никакви проблеми со Абитебул

Даниел Рикардо вели дека нема никакви проблеми со шефот на Рено, Сирил Абитебул откако неочекувано за екипата, направи трансфер за следната година во конкурентскиот Мекларен.

По официјализирањето на заминувањето, Абитбул беше кус во својата изјава, но видно незадоволен од тоа што се случило, при тоа сомневајќи се во лојалноста на возачот. Сепак, Дани не е навреден од изјавата на својот шеф и откри дека нема никакви проблеми со французинот.

не ја сфатив ијавта лично затоа што бев свесен за се, но разговарав со него од тогаш и немаме никакви проблеми. овој спорт е многу конкурентен и кога сакате нешто да постигнете, нормално е да имате пречки на патот.

има многу луѓе во организацијата на рено кои се среќни што сум овдека и се задоволни од тоа што ќе работиме заедно годинава. ќе се тркам за себе затоа што сакам да се наптреварувам, но во исто време сакам да им донесам радоста поради тоа што дојдов овдека да постигнам нетшо.

сум бил во оваа позиција порано со ред бул и вести за трансфери се одреден шок, но кога ќе помине време сите се враќаат во нормала и продолжуваат да работат – објасни рикардо.

Запрашан дали смета дека Скудерија Ферари на правиле грешка што кај себе го земале Карлос Саинз наместо него, австралијанецот одговори:

времето ќе покаже, но тоа не е моја работа. не сакам да се зборува дека направиле грешка затоа што јас имам и талијанско потекло и такви слични работи, не сакам да кажам ништо против карлос. тој имаше одлична 2019 година и навистина се докажа дека може брзо да вози.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ