Рикардо не е исплашен да остане без место догодина

Даниел Рикардо не пропушта да посочи дека неговаата цел е да се врати на гридот следната година откако оваа одработува како резерва во Ред Бул, но австралијанецот призна дека постои ризик од немање место за трка догодина.

По тешки две години во Мекларен кога не го испорача очекуваното, двете страни спогодбено пред време го раскинаа договорот на крајот на минатата сезона, така што Дани се врати онаму каде што почна, во Ред Бул. Освен тоа што цел му е да се врати на гридот догодина, тој откри дека нема намера д се трка на опашката на поредокот и сака конкурентна екипа.

не ме плаши ако осрранам без место, тоа е тоа. знам дека постои ризик од мојата одлука, но јасно е што не сакам, а сакам место за трка, сакам повторно да се тркам во силна екипа.

не сакам да почнам од нула и да ја градам одново мојата формула 1 кариера, не сум арогантен, но тоа е зад мене. не верувам дека ќе бидаммотивиран одново да го правам тоа и не сум исплашен, сакам д бидм на гридот и да се борам а највисок пласман – посочи рикардо.

Осумкратниот победник на трка ќе биде присутен во падокот како резерва за тимот од Милтон Кинс, а во позадина ќе работи и во симулаторот на тимот. Ова време без трка тој го искористил да ја насочи својата енергија и на други места.

мислам дека ги разбрав работите што сакам да ги правам надвор од тркањето по првите три месеци пауза, работите во кои сакам да инвестирам повеќе енергија. ќе одберам неколку проекти кои сакам да ги остварам и ќе ја насочам енергијата кон нив наместо да пробувам се.

две големи работи кои ги сакам во моментов се виното и модниот бизнис, во тоа уживам, во моите инвестиции и брендови и ќе продолжам да инвестирам. тоа се моите две забавни хобија, можеби сега се хоби, но може да се претворат во нешто повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ