Рикардо не се чувстува виновен за инцидентот

Даниел Рикардо доби казна од 10 секунди поради инцидентот со Јуки Тсунода, но и покрај тоа беше прогласен за Возач на денот на трката во Мексико.

Тој беше доста побрз од сите околу поради свежите софт гуми коцкајќи се со стратегијата. По прегледувањето на снимката, Рикардо смета дека не е виновен за инцидентот.

Среќен сум, но на почетокот не бев. Казната ми направи проблем. Секако не сакав да имам контакт со некој болид, но по гледањето на снимката мислам дека не сум виновен и секако не сакав тоа да се случи.

Мислам дека треба да се прифати одговорност, но не сум целосно крив. Беше тежок момент од трката кога ми ја кажаа казната затоа што Имав брзина и се обидов да забрзам за да не загубам позиции – појасни австралијанецот.

Наместо премин на медиум, тој премина на софт што го стави во добра позициај до крајот.

Имавме шанса да пробаме нешто и се одлучивме да преминам на софт бидејќи со медиум не бев доволно брз. Имав шанса за напад и со добра гума можев да направам притисок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ