Рикардо не си заминува од Мекларен или Ф1

Даниел Рикардо изјави дека не си заминува од Мекларен или Формула 1 на крајот на наредната година и покрај гласините кои кружат во падокот. 

Иако победи на Монца минатата година, тој се мачи да му конкурира на својот помлад колега, Ландо Норис, по што се појавија шпекулации за неговата иднина. На социјалните медиуми тој ги отфрли сите шпекулации. 

Има многу гласини за мојата иднина во Формула 1 и сакам да слушнете од мене. имам договор со Мекларне до крајот на наредната година и не си заминувам од спортот.

Знам дека не е лесно, но кој сака да е лесно. Давам се од себе со тимот да напредуваме и да го средиме болидот да го вратиме каде што припаѓа. 

Коментарот на Рикардо доаѓа откако Мекларен објавија дека Алекс Палоу ќе се приклучи на тимот во Индикар. Во 2023 година Мекларен ќе има тим во Формула 1, Индикар, Формула Е и Екстрем Е. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ