Рикардо: Никој не е построг кон мене од самиот јас

Даниел Рикардо откри дека прифаќа критики за својата форма, но и дополни дека никој не е построг кон него одошто самиот тој.

Австралијанецот има освоено само 11 поени по првите 6 трки од календарот годинава, а единствениот топ 10 резултат каде дојде до поени беше на домашната трка во Мелбурн. Неговиот колега Ландо Норис има собрано дури 39 поени, вклучитено и подиумот на Емиија Ромања во Италија.

Во своја изјава за британски Скај Спорт, Главниот извршен директор на Мекалрен, Зек Браун, посочи дека возачот не ги исполнил очекувањата кои екипата ги имала кон него.

никој не е поголем критичар кон мене одошто самиот јас и бидете сигурни дека не сакам да се тркам и борам за 10то или 12то место. сеуште верувам дека можам да бидам при врвот, знам дека припаѓам таму, но сеуште имам проблем со вадење на потеннцијалот од болидот. работам заедно со тимот за да постигнеме што повеќе – најави дани.

По минатонеделната трка во Шпанија, возачот посочи дена нашле проблем во болидот кој треба да се отстрани и тоа да му донесе перформаси.

мислам дека сеуште можам да извадам многу од болидот. понекогаш знам каде можам да се подобра, но понекогаш и не е така јасно. мислам дека некои работи не се одвиваа како што сакавме на сесиите, така што слабите резултати се комбинација од повеќе работи, иако факт е дека не вадам максимум од болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ