Рикардо открива дека следењето е полесно годинава

Даниел Рикардо вели дека Рено направиле голем чекор напред во аеродинамичката ефикасност за 2020 година, со што сега им е полесно да возат позади други болиди.

Рикардо се пласираше на 8мо место во Австрија минатиот викенд, ист резултат како и Окон на првата трка, иако тимот искуси проблеми со системот за ладење. Австралијанецот вели дека сега е многу полесно да се следат ривалите отколку минатата година.

Мислам дека во трка имаме сеуште да се подобриме, Но севкупно, полесно се следат другите болиди пред нас, нема толку нечист воздух. Пакетот и потисната сила се поефикасни, а при ниско ниво на гориво, болидот е многу подобрен. Ако споредиме со минатата година, полесно може да возиме под полна гас и Болидот во задниот дел е многу силен.

Имаше позитивни аспекти во трката, ако погледнам во првата половина, јас возев со медиум, додека тие пред мене на софт, но беше прилично брзо во однос на перформанси со Саинз и Албон. Се подобривме, особено на патека која не ни одговораше. Љубопитен сум да видам што следува на следните неколку трки. Во Силверстон бевме добри минатата година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ