Рикардо откри дека Себ редовно му се јавувал

Себастијан Фетел ја одработе својата последна Формула 1 сезона во пребогатата кариера и остави белег како еден вистински господин од падокот.

Многумина открија што прави надвор од патеката, но несебичната помош која ја давал на сите оние кои на некој начин биле во криза или проблем во текот на своите тркачки кариери. Даниел Рикардо беше последен од низата возачи, австралијанецот имаше страшни проблеми и никако не успеваше да најде перформанси од својот Мекларен сезонава по што го напушти гридот, а Себ, неговиот поранешен лут ривал, редовно му се јавувал.

многу пати ми се јави годинава, беше вистински пријател, покажа дека се грижи за мене, ме проверуваше, разговаравме, вистински пријател. да се имаат такви пријатели е многу важно, но не е многу честа појава на гридот.

се согласуваме возачите помешу себе, стануваме пријатели, но толку длабоко ниво на другарство има ретко. понекогаш сме блиски една година, понекогаш покажуваме моментална грижа, но себ е супер, супер пријатен – откри рикардо.

Лошата сезона за Рикардо го достигна дното во текот на летото кога гласините почнаа да се појавуваат дека ќе биде заменет од неговиот млад сонародник, Оскар Пиастри. Потоа тимот потврди дека взаемно се договориле да ја прекинат соработката.

повиците од себ стануваа почести кога се решаваше мојот договор и кога се крена врева околу мојата идина. не сакам да го одделам само него затоа што имаше и други возачи, но тој беше оној кој многу често ми се јавуваше да праша како сум.

лично, некои работи кои ги направи за мене претерано многу ги ценам. тој е грижлив човек кој го сака спортот, но ги сака и сите возачи. сите ние сме конкуренти, тоа е така, но мислам дека дефинитивно се издвојува.

како конкурент, присетувајќи се на 2013 година кога победи на секоја трка во втроито дел од сезоната имаше навистина агресивен пристап. не беше задоволен со ништо, сакаше да ја уништи конкуренцијата. тогаш беше чистокрвен тркач, не возеше туку мислеше само на победа, тоа мора да биде за восхид и да се почитува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ