Рикардо: Побрзи сме од Ферари

Даниел Рикардо смета дека Рено имаат подобра форма од Ферари оваа година, иако францускиот бренд имаше отежнат почеток на сезоната.

Рено го освои осмото место на секоја од првите три трки и моментално се на шесто место во пласманот со 12 поени, 15 поени позади Ферари. Австралијанецот се пласираше на Унгарското Гранд При само две секудни позади Себастијан Фетел, а Серхио Перез ги раздели поранешните тимски колеги.

Го освоивме осмото место на секоја трка. Очигледно, тоа не е лошо, но сметам дека имавме повеќе брзина од осмо место во секоја од тие три трки, Или барем на две од нив.

Не сме далеку од топ 5 пласман. Имавме повеќе брзина од Ферари, Барем изгледа така. Ќе се подобриме, Добро е да се освојат поените, но знам дека не очекуваат тешки трки понатаму. Имавме и подобра форма од Мекларен во Унгарија, Не сум сигурен каде исчезна, но бевме многу блиску и до Рејсинг Поинт, така што не е лошо. 

Подобрувањата се секогаш добри, а Силверстон е една од тие патеки каде се потребни елементи за ниска брзина, а потоа и за средно и многу брзи свиоци. Силверстон ќе биде тест за сето тоа и ќе видиме дали подобрувањата ќе помогнат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ