Рикардо почувствувал возбуда при враќањето во падокот

Даниел Рикардо откри дека почувствувал возбуда и адреналин при враќањето во падокот на Гранд При викенд, нешто што се случи минатиот викенд за неговата домашна трка.

Австралијанецот прв пат се појави на официјален тркачки викенд годинава во неговиот домашен Ред Бул во својата нова улога како дел од тимот на Ред Бул. Тој замина од Мекларен на крајот на минатата сезона по две години со екипата во кои не го донесе она што се очекуваше од него.

добро е, беше убаво затоа што првите две трки ги гледав од дома иако имав на располагање многу информации. но, убаво е да се биде во падокот за време на викендот, ме потсети како е. дури и во гаражата почувствував адреналин и возбуда и ми недостасува ова тркање, но во исто време сум и среќен со мојата сегашна улога – посочи рикардо.

приоритет е мојата нова улога, да го одработам тркачкиот викенд како да сум возач, секако без да се тркам на крајот. ги слушам возачите, дел сум од официјалните состаноци, анализирам како се однесува болидот и помагам во развојот.

мислам дека можам да помогнам со моето возење во симулаторот за подобра да се разберат проблемите. забавно е да се вратам во оваа екипа која ми е како семејство.

Тој најави дека бара место за враќање на гридот во 2024 година откако уште лани најави дека присуството во падокот на неговата домашна трка ќе му даде вистинско чувство за тоа дали има желба за кам-бек кај него или не. 33-годишникот откри дека е релаксиран, но сеуште не знае ништо за својата иднина.

поради тоа ми требаше ова време надвор од формула 1 тркањето, а ќе знаме повеќе за тоа што следува во месеците кои доаѓаат. само 3-4 месеци поминаа од оваа година и имам време да се вратам и повторно да се тркам.

забележав работи кои претходно ги немав воочено и на кои ќе внимавам во иднина, така што ова искуство е освежувачко за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ