Рикардо призна: На моменти бев себичен

Даниел Рикардо призна дека неговиот став пред пет години бил многу себичен, но смета и дека сите млади возачи се такви.

Австралијанецот ја прекина пред време соработката со Мекларен лани и сезонава е повторно во Ред Бул, но само како резервен и тест возач со доста работа и во маркетиншкиот дел.

сфатив некои работи. дури и во 2018 година беше се само за мене и околу мене, но сите млади возачи се такви. на моменти бев претерано себичен за да признаам лош викенд. сега сум назад во ред бул и повеќе не сум таков, немам скриена агенда, немам его, не сум претерано горд и се трудам да се поправам – вели рикардо.

По напуштањето на Мекларен, се појавија шпекулации дека тој ќе вози за Хаас, но двете страни не се договорија, а тој призна дека ќе направи пауза една година пред да се врати во спортот.

на моменти не бев пријатен за друштво. никогаш не сум освоил титула, но во еден дел од мојата кариера се борев за победи и за подиуми. секогаш се сметав дека сум најдобар, но знам дека не сум завршил со формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ