Рикардо: Сеуште ја сакам Ф1 повеќе од се

Даниел Рикардо откри дека сеуште ја обожава Формула 1 повеќе од било што и покрај несигурноста околу неговата иднина.

Австралијанецот потфрли во Мекларен откако стана дел од тимот во пресрет на минатата сезона кога потпиша тригодишен договор. Иако победи на ланското Италијанско Гранд При, прва победа за Мекларен од 2012 година, сепак редовно е во сенка на својот далеку посилен колега, Ландо Норис.

Од скоро почнаа шпекулациите дека тој ќе се врати во Алпин, поранешниот фабрички Рено, од каде што дојде во Вокинг, а се поизвесно е доаѓањето на Оскар Пиастри во портокаловата екипа.

овој спорт е онаков во кој сте толку добри колку што ви е добра последната трка. се додека не победувате константно имате работи за докажување, а јас сметам дека сум најважен од се за себе.

поради сето тоа продолжувам да се трка, верувам дека сум на највисоко ниво и дека можам да испорачам победи. секогаш се обидувам и целам на повеќе и тоа е одлично за мене.

наоѓам среќа во тркањето и во овој спорт повеќе од било што. процентот на победи во овој спорт е многу низок и мора да се носите со тиа, да сфатите дека не може да победувате секој викенд, но да си постравите цели и да најдете среќа и исполнетост.

нема ништо подобро од победувањео, но има повеќе начини да се прави тоа. јас сеуште уживам многу додека се тркам. секако дека има огромна емоција која на моменти знае да биде и преголема како и фрустриациите и токму поради тоа е посебно – посочи рикардо.

Во моментов австралијанецот е на 12то место во шампионатот со 19 поени по 13 трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ