Рикардо се извини на Мекларен за инцидентот во Бразил

Во својата претпоследна Формула 1 трка со Мекларен, Даниел Рикардо не го постигна резултатот на кој се надеваше откако Недела се покажа како тежок ден за тимот од Вокинг.

Во неговата предпоследна трка за тимот од Вокинг, Рикардо влезе во внатрешноста на Хаас-от на Кевин Магнусен за време на воведниот круг. Болидот на данецот се изврте и иако Рикардо се обиде да го заобиколи, задниот дел на Магнусен удри во болидот на Мекларен. Тоа беше крај на трката за двајцата возачи и го означи првото безбедносно возило.

Стјуардите одлучија дека Рикардо е виновен за инцидентот и поради тоа ќе има пад од три места на гридот на трката во Абу Даби. Тој исто така доби два казнени поени на својата суперлиценца, со што неговиот вкупен 12-месечен број се искачи на осум од максималните 12.

Рикардо зборуваше за своето разочарување по трката што морал да се откаже толку рано.

Прво, разочаран сум бидејќи секогаш е тешко кога вашата трка ќе заврши толку брзо и толку рано.

Го допрев задниот дел на Кевин и штета е. Мислам дека најголемото разочарување е што тоа беше толку мал допир, но имаше огромни последици.

Не очекував дека ќе се изврти, претпоставувам дека тоа беше само аголот што го допрев и само го занесе неговиот заден дел. Сметам дека најчесто со мал допир како таков, можеш да се извлечеш од него. Значи беше прилично несреќно за нас двајцата.

Пред неговата последна трка со Мекларен, Рикардо се надева дека ќе се врати посилен во Абу Даби.

Тоа беше трка со многу случувања, така што, штета е што не бев дел од истата. Се извинувам на тимот овде на патеката и во фабриката, но ќе се ресетирам и ќе нападнам уште еднаш во Абу Даби.

Трката во Интерлагос се покажа како тешка за Мекларен откако тимот го забележа своето прво двојно откажување од 2017 година кога Ландо Норис излета од патеката поради механички проблем. Тимот сега заостанува повеќе во однос на Алпин во битката за четвртто место во генералниот пласман, а нивните ривали сега имаат предност од 19 поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ