Рикардо се надева на подобрувања по лошиот Силверстон

Гранд При трката на Силверстон беше уште една на која Даниел Рикардо остана разочаран откако немаше грип, имаше проблеми со ДРС и заврши без поени.

Австралијанецот беше бавен цел викенд и се квалификуваше на лошото 14то место откако се жалеше дека нема грип на брзата патека во Нортхемптоншир.

жална трка за мене. штом рестартот се случи кон крајот, немав никаков грип.

не се чувствуав како да сум во иста класа со останатите и буквално ме “јадеа“ и не можев ништо да направам. очигледно беше дека немаме ритам да се тркаме – разочарано изјави рикардо.

Возачот на Мекларен откри и дека имал проблеми со ДРС систамот што придонело за неговиот бавен ритам.

нешто како да се откачи, се сеќавам дека закочив на 6та кривина и болидот едвај го исконтролирав. мислев дека ми се дупна гума, ги погледнав задните, но видов дека ДРС беше отворен и проблемот беше во него.

јасно е дека не можевме да го користиме затоа што ќе се заглавеше повторно и ќе не дисквалификуваа така што не можев да напаѓам едноставно, не бевме последни и тоа е нешто. ни треба брзо опоравување за австрија за да можеме да направиме нешто.

Тој има многу тешка година до сега и само два пати заврши во поени, останувајќи целосно во сенка на својот колега Ландо Норис кој собра дури 58 бодови до сега.

искрено не можам да прогнозирам дали болидот ќе биде подобар на следната трка. возиме многу со подеми и падови, денеска се мачевме буквално на цела трка. се надевам дека ќе ја најдеме причината за тоа и мислам дека ќе одиме во австрија подобро подотвени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ