Рикардо смеел да се трка со Ред Бул додека бил во Торо Росо

Поранешниот возач на Ред Бул, Даниел Рикардо, откри дека слободно можел да се трка со Ред Бул уште во времето кога возел во Торо Росо. 

Тој тврди дека Кристијан Хорнер му дал шанса да се трка со Ред Бул уште кога возел во јуниорскиот тим. Австралијанецот возеше две години години во Торо Росо и се присети како еднаш се тркал против Марк Вебер. 

Кога возев во Торо Росо беше полесно да се тркаме со Ред Бул бидејќи бев далеку од нив. Тие беа шампиони, а ние се боревме за место во топ10. Дури и доколку беа зад нас лесно можеа да не стигнат.

Се сеќавам еднаш во Сингапур во 2012 година кога бев во поени и Марк Вебер се најде зад мене во последната серија и можев да се тркам со него. Во такви ситуации можевме да се тркаме со нив. Само требаше да го најдеме балансот.

Кога си побрз, можеш да се тркаш и да пробаш нешто. Мора да се покаже почит и да се направи што е во интерес на тимот – откри дани.

Австралијанецот конечно даде и свое мислење за инцидентот на Ботас и Расел.

Не ја разбирам ситуацијата помеѓу Ботас и Расел, но доколку можел зошто да не го престигне. сеуште е тешко да се каже и мило ми е што немам потреба да го правцам тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ