Рикардо: Третото најбрзо време е реално

Даниел Рикардо вели дека неговото време и пласман на трето место во тренинг сесијата на Силверстон е реално и покажува дека Рено направиле голем чекор со нивниот болид.

Австралијанецот се пласираше на 4то место на трка минатиот викенд и беше охрабрен по перформансите со кои се пласираше веднаш позади Мерцедес. Иако го прифаќа фактот дека Рено не е во позиција да ја одржи таа форма во квалификациите и во трката, тој вели дека има оптимизам околу новите перформанси.

Мислам дека формата е реална, барем за условите кои ги имавме. Направивме неколку промени во сесијата и навистина имавме голем чекор напред.

Тоа беше добар болид денес, Мислам дека имаме шанси, Ќе видиме. Ако сме на оваа позиција и во квалификациите, тоа ќе ги надмине нашите очекувања. Мислам дека може да завршиме добра работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ