Рикардо ќе вози Ф1 болид на Нордшлајфе

Даниел Рикардо зема пауза од Формула 1 и ја користи како тест и развоен возач на Ред Бул со силен акцент на комерцијалниот дел од работата.

Годинава тој ќе добие можност за демонстрација со Ред Бул болид на историскиот Нордшлајфе автодром, прво официјално возење со Ф1 болид на патеката по 2013 година кога Михаел Шумахер возеше таму. Тогаш Шуми беше во Мерцедес В02 болид од 2011 година и ја возеше долгата конфигурација на историската патека која беше домаќин на Германското Гранд При од 1951 до 1976 година кога Ники Лауда речиси жив изгоре на патеката.

Рикардо ќе се појави на германскиот автодром на 9 Септември заедно со други легенди од моторспортот како и млади таленти, а детали сеуште не се објавени. Возењето ќе биде дел од Ред Бул Формула Нирбургринг фестивалот кој ќе се одржи паралелно со 12 часа Нирбургринг трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ