Розберг е љубоморен за споредбата на Верстапен и Хамилтон

Нико Розберг смета дека немал предност како Макс Верстапен доколку требало да ја брани својата титула. 

Хамилтон дојде во Мерцедес во 2013 година и тимот доминираше во целата турби хибридна ера. Но заедно со Розберг имаа неколку инциденти и последниот кулминираше со борбата во Абу Даби кога титулата ја освои Розберг. 

Тој се пензионираше неколку денови подоцна и шефот на тимот Тото Волф смета дека таквата ситуација била неодржлива на долг рок. 

Целиот тим мораше да одржува неутраелн однос меѓу мене и Луис. Беше тоа чудна атмосфера со очигледно ривалство помеѓу возачите. Бев во изолација во најважниот дел од кариерата. На Верстаепн му е полесно бидејќи тој е прв возач во тимот и атмосферата е помирна. 

Розберг верува дека Верстапен е еден од најдобрите возачи на сите времиња. 

Тој го има менталитетот на Сена и Шумахер и не прави многу грешки. Ниту еден колега не може да му парира. Тој е неверојатен. Беше супериорен и направи историски рекорд. За мене е еден од најдобрите. Веќе има повеќе победи од Алонсо. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ