Розберг одбил да вози за Ауди во ДТМ

Нико Розберг одбил можност да се трка за Ауди во германската ДТМ серија како возач гостин.

Розберг се пензионираше од тркањето по освојувањето на Формула 1 титулата во 2016 година, но поранешниот возач сеуште е инволвиран во моторспортот преку својот картинг тим, но и како мал инвеститор во Формула Е серијата на ФИА.

33 годишниот возач во интервју за Motorsport.com истакна дека бил контактиран од страна на Ауди и Дитер Гас, но ја одбил можноста да се трка за производителот во нивниот Ауди РС5 ДТМ автомобил.

Дитер Гас од Ауди ме праша дали би сакал да учестувам во трка како возач гостин, но одбив. Нема да го правам тоа. Само за забава да, но веќе не се ни одржувам физички себеси. Во Формула 1 морав да тренирам премногу со моите раце и нозе. Сега, тоа не изгледа толку добро.

ДТМ им дозволува на производителите да повикаат возач гостин за учество во една трка, а шефот на серијата, Герхард Бергер, се надева дека еден ден тоа ќе ги привлече и големите имиња како Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.

Но според Розберг, шансите да се случи тоа се минимални, барем додека се дел од Формула 1.

Мислам дека тоа не е возможно. Тие имаат премногу обврски, мора да се фокусираат на тоа. Не може да учествуваат во ДТМ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ