Робзерг го предупредува Верстапен да не се опушта

Макс Верстапен го израмни рекордот на Розберг од седум последователни победи во Унгарија.

Нико Розберг го предупреди Макс Верстапен да не се опушта за време на неговата доминација во Формула 1.

Двократниот светски шампион Верстапен победи на девет од 11те трки во сезоната во 2023 година, вклучително и седум последователно од Мајами до Унгарија, губејќи само два поени за тоа време со тоа што не го освои бонус поенот за најбрзиот круг во Монако и Канада.

Со победата на Хунгароринг, Верстапен се изедначи со седумте последователни победи на Алберто Аскари, Михаел Шумахер и Нико Розберг.

Верстапен се приближува до рекордот на Себастијан Фетел од девет последователни победи, нешто што може да го засени доколку победи на Големите Награди на Белгија, Холандија и Италија.

Но, шампионот од 2016 година Розберг го предупреди Верстапен да не се опушта.

Тој генерално треба да биде внимателен да не се опушти – изјави Розберг.

Тој е во таков неверојатен тек каде што никој не може да го допре, а тогаш обично постои ризик да се опуштите и да изгубите малку мотивација.

Значи, тој само треба да биде малку внимателен на тоа. Но, не гледам дека тоа се случува. Бидејќи неговата состојба на умот е феноменална и едноставно е толку фокусиран и постојано е во зоната. Тоа е како уметност. Неверојатно е.

Јас сум еден од луѓето кои најдобро можат да ги проценат неговите перформанси во моментов и нивото на кое вози.

Да, тоа не ги прави баш највозбудливите трки на самиот фронт, но тој е толку заслужен затоа што е неверојатно нивото на кое тој се наоѓа, толку блиску до совршенството цело време.

Треба да се споредувате со тимскиот колега, погледнете каде е Серхио Перез.

Мислам, неговиот најдобар резултат во квалификациите во последните шест Гранд При трки беше деветти на гридот во Унгарија.

Серхио е навистина добар возач, знае да вози Ф1 болид, но Макс е само извонреден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ