Розберг: Ќе биде тешко за Ферари и Мерцедес наредната сезона

Нико Розберг верува дека наредната сезона ќе биде тешко за Ферари и Мерцедес да го победат Ред Бул. 

“Биковите“ доминираа оваа сезона и освоија двојна титула. Со вкупно 15 победи од 19 одржани трки за Ред Бул, Мерцедес сеуште не може да стигне до триумф. 

Ќе биде тешко за Ферари и Мерцедес да се приближат. Мерцедес има проблем со брзината на правците и преспори се. Се надевам дека ќе најдат некоја тајна да најдат брзина. Ред Бул доминираат и Ја освоија рано конструкторксата титула, слично како Мерцедес во минатото – псочи поранешниот првак.

Розберг ги пофали Ред Бул за перфомрнасите од својот болид и мотор. 

Имаат болид кој го развиваат и не грешат со стратегијата, а и Моторот им е одличен. Ќе биде тешко некој да им се приближи во наредната година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ