Роси откри дека мајка му го храбрела да се трка во Ф1

Валентино Роси бил многу блиску до Формула 1 гридот, дури и мајка му го охрабрувала и сакал да се проба во таа тркачка серија, но на крајот, тој одлучил да остане на моторите.

Лани Роси се пензионираше од МотоГП тркачката серија по 26 години минати таму со 9 шампионски титули, 115 победи и 235 подиуми зад себе. Но, постоело можност моторите да ги остави уште пред 10-тина години откако Ферари барале да вози за нив.

тоа беше многу значаен момент во мојот живот. стефано доменикали ми се јави и ми кажа дека сакаат да го пробам нивнио болид, имаат патека во фиорани со многу интересен сплет на кривини. се сложив и се организираа тие.

пристигнавме тајно еден дек претходно затоа што сакавме да остане тајна, но на крајот не успевме во тоа – се присетува докторот.

По приватниот тест со Ферари во Фиорано, следувал друг во Валенсија, а таму на патеката имало уште 14 возачи од Формула 1 падокот. Првиот ден не бил согласно планот затоа што се извртел во песок по само десет кривини низ мократа патека, додека вториот ден бил далеку подобар. Завршил со 9то најбрзо време и седум десетинки побавен круг од Михаел Шумахер.

Посочувајчи дека бил многу блиску до трансфер во Формула 1, тој изјави:

во 2006 година тестирав, тоа беше вистинки теат со други формула 1 возачи во валенсија. тестот беше добар, а јас бев доста брз, но се сеќавам дека кога се враќав накај дома, одлучив да останам во мотогп.

имав план за формула 1, но не беше директно да возам во ферари, туку да почнам во помала екипа, да соберам искуство, а потоа, ако сум доволно брз, да дојдам во ферари, но тој план имаше доста прашалници.

имав притисок да ја прифатам понудата и од моја страна, да одам во ферари, затоа што ферари е нешто огромно. кога ќе побарав од било кој совет за одлуката која требаше да ја донесам, сите ме прекинуваа и ми велеа да одам во формуал 1 веднаш. мајка ми беше меѓу нив.

ја донесов одлуката сам и во срцето верував дека мотогп е за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ