Руеда и Мекиес го напуштаат Ферари

Откако се појавија гласините дека Ферари ќе го замени тимскиот шеф Матиа Биното со Фред Васур, актуелниот шеф на Алфа Ромео, се чини дека тој нема да биде единствениот кој ќе замине од Маранело.

Се шпекулира дека “во пакет“ со швајцарскиот инженер ќе заминат и главниот стратег, Инаки Руеда и спортскиот шеф и десна рака на Биното, Лорен Мекис, за кого се очекува да го замени Фред Васур во Алфа Ромео.

Официјалните вести ќе бидат објавени во текот на викендот во Абу Даби каде ќе заврши Формула 1 сезоната. Ферари испрати кратко соопштение но не ги отфрли гласините за заминувањето на својот тимски шеф.

Рокадата на одговорни луѓе помеѓу Алфа Ромео и Ферари не се случува прв пат, но се чини дека веќе имало тајни преговори помеѓу Васур и некои луѓе од Маранело.

Иднината на Инаки Руеда, човекот кој е одговорен за стратегијата на Ферари, е непозната и не се знае дали ќе го напушти тимот или ќе добие друга улога. Но, се чини дека ќе има големи промени во Ферари и останува да видиме дали тимот ќе излезе посилен наредната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ