Саинз: Барселона ги покажа слабостите на гумите

Карлос Саинз побара од Ферари да се справат со слабостите кои ги имаат со гумите на најслабата патека во сезоната според Мерцедес.

Саинз се квалификвуаше на втора позиција на домашната трка но поради лошото темпо за трка и маките на Ферари со брзината на патеката беше уништен од менаџирањето на гумите на Мерцедес.

Тој ја започна трката на софт па премина на хард гуми што му дозволи на Хамилтон да го престаса на понови медиум гуми. По Хамилтон беше престигнат и од Расел за на крајот да заврши и зад Перез.

Искрено во текот на трката ги менаџирав гумите бидејќи имав преголемо трошење и не можев да форсирам. Тоа ни е слабост на болидот и тешко е да се постигнат целите на стратегијата. На ваква патека сме слаби каде има брзи свиоци и тешко е за гумите. Мислам дека повторно имавме проблеми и ваквите патеки не ни одговараат.

Бризната на Ферари беше успорена и од надградбите на болидот кој ги донесе тимот во Шпанија.

Саинз е задоволен од брзината на Ферари при носење надградби но смета дека не можел да направи ништо.

Тешко е да се каже. Знам дека во фабриката многу работе на надградбите. Ова беше најслаба патека за нас во сезоната. Сеуште не сме ги виделе на дело како работат. Верувам дека оваа патека не ни одговара. Прерано е да се каже но многу се работеше на нив и симнувам капа на сите во фабриката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ