Саинз ги откри клучните придбивки од последните трки

Откако Ферари се мачера за брзина и ритам на последните неколку Гранд При трки, имаа силен настан на домашната патека во Италија, а Карлос Саинз смета дека тој пресврт е позитивен во силниот предизвик за тимот.

Шпанецот смета дека подобрениот ритам на Ферари на Италијанското Гранд При ги потенцира силните страни и покрај тешкиот втор дел од сезоната за екипата. Скудерија се повеќе заостануваше зад Ред Бул во последно време, така што екипата од Милтон Кинс има дури 139 поени предност кај конструкторите на шест трки пред крајот на сезоната.

Но, Ферари имаше силен викенд на доманата патека во Италија, Леклер беше на 2ро место зад Верстапен, додека Карлос тргна од претпоследниот ред, а аврши на 4то место.

не знаеме точно од каде дојде силниот ритам на трката, но знаеме дека треба да продолжиме по тој пат. имавме одличен ритам во италија како на трка така и на квалификации и направивме клучен чекор во подобро разбирање на болидот со кој располагаме – посочи саинз.

Запрашан како тимот стигнал до силен ритам и покрај тоа што се очекувало да не биде така, Карлос посочи каде биле подобрувањата.

тоа беше реакција од тим кој созрева. мислам дека учиме многу оваа тешка година, многу напредуваме во однос на лани во однос на враќање на победничките патеки. но, сеуште правиме грешки и на тој начин учиме. ние сме млада екипа и малку време работиме заедно.

мислам дек годинава напредуваме иако имаме тежок втор дел од сезоната. ќе ни треба многу знаење за да нападнеме на последните неколку години, но следната година ќе се обидеме повторно од почеток.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ