Саинз го доби својот персонализиран Ферари 812 Competizione

Карлос Саинз ја започна својата година со надградба на својот возен парк која сигурно ќе го привлече вниманието на минувачите.

Шпанецот го замени својот доверлив деветгодишен Фолксваген Голф ГТИ, подарок што му го даде неговиот татко за неговиот 18ти роденден, за неверојатен нов Ферари 812 Competizione, кој победникот на Британското Гранд При во 2022 година го приспособил по свој вкус и самиот го платил.

Пред повеќе од една година, Саинз ја сподели својата посета на ексклузивната услуга Tailor Made во Маранело, каде што избра и смисли мноштво фини детали за неговиот нов автомобил.

Резултатот е занесна и блескава машина обложена во мат сива боја, персонализирана со “Smooth Operator”.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ