Саинз: Две трки во Шпанија не би било изводливо

Гласините за улична патека во шпанската престолнина Мадрид се појавија откако извршниот директор на Ф1 Стефано Доменикали, наводно, се сретнал со официјални лица.

Карлос Саинз вели дека патеката во Мадрид би била на сметка на патеката Каталуња.

Потенцијалната замена за Барселона би можела да биде опција, откако извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали, наводно, се сретнал со официјални лица за да ја истражи можноста за улична патека во шпанскиот главен град Мадрид.

Патеката Барселона-Каталуња има договор до 2026 година и неодамна беше реновирана за подобрување на трките, а беше зголемен и капацитетот.

Слушнав за проектот и за сè. Само можам да кажам дека ќе дадам максимум само за да се осигурам дека сè уште има Шпанско Гранд При, независно од тоа каде – изјави Саинз.

Мислам дека Барселона сега врши одлична работа и јас многу години уживам кога доаѓам во Барселона.

Популарноста на Ф1 во Шпанија е висока и овој прилив на навивачи честопати доведе до повеќе од една трка во една земја, при што Италија и САД неодамна се проширија на повеќе од една трка.

Но, Саинз призна дека две трки во Шпанија не би било изводливо и покрај зголемениот интерес.

Не мислам дека тоа е намерата на сите, особено кога ќе погледнете каде одат со трките и новите хоризонти што ги имаат во Соединетите Држави и насекаде, така што не верувам на две трки во Шпанија е изводлива опција во моментов – додаде Саинз.

Но, сметам дека Ф1 сака да остане и сака да се погрижи да ја задржиме базата во Европа како што видовме во последниве години.

Мислам дека Шпанија е вистинското место за одржување на Гранд При и сигурен сум дека Шпанија ќе направи се што може за да го задржи, и мислам дека тоа е вистинскиот потег.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ