Саинз избегна казна за попречувањето на Албон

Возачот на Ферари, Карлос Саинз, беше повикан кај стјуардите поради инцидентот во третата слободна тренинг сесија, кога му попречи на Алекс Албон во два наврати.

Саинз нема да се соочи со понатамошна казна од стјуардите во Формула 1 откако го попречи Алекс Албон во Т3 за Големата Награда на Канада.

На влажниот последен тренинг во Монтреал, Албон се пожали дека Саинз го попречил на последната шикана од свиокот 13, при слаба видливост. Претходно истото се случи во 11.

Саинз подоцна испадна од сесијата на свиокот 1 откако излета во првиот свиок и го оштети својот болид, но Ферари го поправи СФ-23 и тој ќе учествува во квалификациите.

Донесувајќи ја својата пресуда, стјуардите објаснија дека присуството на Макс Верстапен пред Саинз било доволна причина да не го казнат возачот на Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ