Саинз се плашел да го нападне Перез на крајот од трката

Карлос Саинз изјави дека имал шанса да го нападне Серхио Перез при крајот на трката во Монако, но се плашел дека нема да помине добро. 

Ред Бул повторно имаа беспрекорни менувања гуми додека Ферари погрешија комплетно. Саинз излезе на втора позиција зад мексиканецот и пред Верстапен додека Леклер беше на четврта позиција. Таква ситуација остана до самиот крај и Саинз при крајот беше веднаш зад Перез. 

Бев во искушение пред шиканата, но патеката беше сеуште мокра. Доколку закочев подоцна, ќе беше хаотично. Имав неколку искушенија, но болидите се преголеми за ваква патека. Дадов се од себе – смета шпанецот.

Саинз изјави дека имал шанса да си го брани водството пред Перез по менувањето на гуми во 22 круг, но тоа му го уништил Латифи кој силно го забавил.

Може да ми ја разберете фрустрацијата бидејќи знаев дека трката ми зависи од тоа. Имав пролизгување на излезот од боксот и Латифи се бутна пред мене. Тој знаеше дека мора да биде зад мене наместо да ме престаса.

Од тој момент беше тешко за мене се додека не ме пропушти. Верувам дека на мазни гуми бев брз како на интермедиа и не ми е јасно зошто е тоа така. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ