Саинз не се чувствува целосно уверен во болидот

Карлос Саинз признава дека сè уште не е 100 проценти уверен во неговиот болид и покрај тоа што го заврши Т2 за Големата Награда на Канада на третото место.

Откако во првиот час имаше многу ограничено возење на патеката поради проблем со видео надзорот, двете Ферарија ја завршија втората сесија во топ 5.

И покрај тоа што беше на третото место, две позиции пред тимскиот колега Шарл Леклер, Саинз признава дека трпел проблеми со сопирањето во неговиот СФ-23 во петокот.

Сепак, шпанецот е уверен дека тимот сега го разбрал проблемот во пресрет на остатокот од тркачкиот викенд.

За нас, со дополнителните половина час од сесијата во Т2, успеавме да постигнеме многу од планот за возење. Направивме неколку промени во поставувањето, иако бевме ограничени, но имавме пристоен петок.

Сè уште не се чувствувам 100 проценти уверен во болидот и доста се мачев со сопирањето денес, но почнавме да разбираме зошто и ќе се обидеме да направиме некои промени за утре.

Со повеќекратни силни зони за сопирање на патеката Жил Вилнев, најзабележително на крајот во шиканата кривина 13/14, Саинз ја истакна важноста од решавање на проблемите со кои се соочи при вториот тренинг.

Тоа е најважното нешто овде и чувствувам дека денес не го сфативме како што треба. Имаме неколку поставки за да се обидеме да се подобриме за утре и сигурен сум дека ќе бидеме поконкурентни.

Додека Леклер беше поттикнат од чувството во кокпитот, Саинз повторно ги истакна тешкотиите низ кои морал да помине за да извлече брзо време на круг.

Изгледаше брзо, но не беше лесно. Многу скокаше преку рабниците и нерамнините, мислам дека можеше да се забележи од сликите, но барем темпото и перформансите беа таму, но тоа не беше лесен круг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ