Саинз: Ни требаат откажувања од Ред Бул

Карлос Саинз призна дека на Ферари ќе им треба откажувања од Ред Бул ако сакаат да ги предизвикаат за титула оваа сезона.

Надежта за титула на италијанците полека бледее во последно време по проблемите со издржливоста и грешките во однос на стратегијата, така што Верстапен има 80 поени предност пред Леклер, а Ред Бул речиси 100 пред Ферари.

Саинз потврди дека Скудерија нема да се откаже од титулата се додека има и теоретска и математичка можност за тоа, иако е свесен дека последните проблеми во многу им го отежнуваат патот до насловот.

јасно ни е што треба да направиме, треба да победиме на трките на кои и макс сака да победи. освојувње на 25 поени прават голема разлика во поредокот, но мислам дека треба да се случат и повеќе работи за да ги стигнеме.

борбата помеѓу двете екипи ќе трае до крајот на годината. вистина е дека ќе ни треба и мала помош од нив, неколку незавршени трки, но и покрај тоа статистички можеме да успееме и не смее да се откажеме.

овој спорт е таков што се додека е можно, треб да се верува и треба да се обидеме и да направиме се што можеме за да се одржиме во борбата. се додека статистиката во игра, ќе напаѓаме, ќе се трудиме и ќе се развиваме како екипа затоа што се што ќе научиме годинава, ќе искористиме следната – објасни саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ