Саинз оптимист: Барселона останува на календарот

Според Карлос Саинз, возачот на Ферари, трката за Големата награда на Шпанија крај Барселона останува на календарот на Формула 1 и нема никакво сомнение во тоа. 

Неодамна се појавија гласини дека Мајами ќе дојде на календарот во Формула 1 како замена за трката во Шпанија за која организаторите уште го немаат продолжено договорот. Но сепак, шпанскиот возач не е воопшто загрижен. 

мислам дека се работи за две различни работи и тоа е трката со желбата на Формула 1 да се трка надвор. Формула 1 ни појасни дека срцето на спортот е во Европа на патеки како Спа, Барселона и Силверстон.

Тие беа јасни дека ќе продолжиме да возиме тука. Тоа што не е продолжен договорот е друго прашање, Но за мене е јасно, остануваме тука – најави карлос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ