Саинз оптимист: Второ место беше максимум, можеме до подиум

Карлос Саинз ги заврши квалификациите втората позиција на своето домашно Гранд При во Барселона.

Иако возачот на Ферари беше далеку од Верстапен, тој денеска беше најдобар од останатите. Од друга страна, неговиот тимски колега, Шарл Леклер се пласираше на 19то место.

Саинз изјави дека е навистина предизвик да се извози добро време во круг во променливи услови.

Ми требаше многу, ова беа многу тешки услови, дури и да ги поминете К1 и К2 без никакви проблеми. Поставив добар круг со само еден сет во К3. Ова беше веројатно една од најтешките квалификациски сесии што сум ги имал овде во однос на условите.

Мислам дека сме во најдобрата можна позиција за утре и сега можеме да се фокусираме на подиумот утре. Бев многу добар денес, се чувствував како да возам многу добро.

Секогаш е една десетина овде, една десетина таму. Денеска не се чував, силно притискав. Беше тешко. Мислам дека второ место беше максимум колку што можев да постигнам денес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ