Саинз по победата на Силверстон: Шарл се однесуваше како господин

Шарл Леклер остана видливо фрустриран по крајот на трката во Британија откако се надеваше на победа од истата, но заврши само на 4то место, а победи неговиот колега.

По трката, Шарл беше во разговор со шефот на тимот, Матиа Биното, а судејќи по гестикулацијата на инженерот, Леклер добил лекција по доборо однесување. Но, победникот Саинз посочи дека неговиот колега се однесувал како господин.

имавме кус брифинг по крајот на трката затоа што мораше брзо да заминеме на аеродром, а претходно и да се сликаме. мислам дека шарм беше повикан и на анти-допинг контрола, така што немаше време да продискутираме повеќе заедно.

но, како и секогаш, тој се однесуваше како господин, се беше вообичаено како и по секоја трка. и јас кога иамм лоша трка, брифингот е нормален, исти, исто е и за него и мислам дека беше одлично што донесовме силни поени за тимот затоа што не можеме секогаш да ги контролираме работите – посочи саинз.

Шпанецот не верува дека тимот погрешил со стратегијата кога под безбедносното возило не се одлучиле да променат гуми и кај Леклер, туку само кај него. Токму најтврдата и веќе потрошена компонента беше виновна што Леклер загуби 3 позиции во последните 10 кругови од трката.

Во пресрет на повлекувањето на безбедносното возило, Ферари побараа од Шарл да се оддалечи и да му остави простор, односно да го заштити колегата.

ферари победи, јас победив, а тоа покажува дека одлуката не била погрешна. во тоа време во болидот јас знаев точно што треба да направам за да не го загрозам шарл, а во исто време и да им дадам на ферари победа, а тоа е најважно за екипата.

се што направив беше разумно, не го ставив шарл под непотребен ризик или притисок додека го претекнував, знаев дека мора да биде чисто и брзо затоа што гумите ми го дозволуваа тоа.

исходот од трката беше одличен за нас на крајот и ако повторо возиме, повторно би одработел исто. мислам дека соврешно е разбрана мојата позиција и токму затоа не сакав да се оддалечам толку многу од шарл, затоа што знаев дека тоа не е добро за екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ