Саинз: Сомнежите околу нашите слабости се потврдија во Канада

Карлос Саинз успеа да го освои петтото место во Монтреал и откри дека сомнежите на Ферари за проблемите на СФ-23 се потврдени.

Саинз вели дека и покрај тоа што го покажале вистинското темпо на СФ-23 во Канада, Ферари биле во можност да откријат дополнителни слабостите со нивниот Формула 1 болид.

По слабото прикажување на Скудерија во Барселона, тимот го освои четвртото и петтото место во Монтреал, но и Саинз и Шарл Леклер беа многу позадоволни со болидот, бидејќи можеа долго да возат на средни пневматици притоа не следејќи никој пред нив.

Настапот во Канада беше потпомогнат од фактот што патеката има помалку брзи кривини отколку во Шпанија, со разновидни шикани и шнола поделена со долгите правци.

Саинз верува дека слабоста на пакетот СФ-23 во голема брзина била потврдена на почетокот на викендот.

Знаев дека Барселона не е добра патека за нас и дека Канада ќе биде подобра – изјави Саинз.

Во петокот беше потврдено дека сме побрзи на патеките со помала деградација и оние со свиоци со помала брзина и тоа значеше дека би можеле да го покажеме малку повеќе нашето вистинско темпо во трка.

Нашето темпо во Австрија ќе зависи многу од карактеристиките на патеката, нашето темпо многу варира во зависност од тоа.

Гледаме места како Монако или Канада во кои сме посилни од места со свиоци со поголема брзина како Барселона, каде што се мачиме малку повеќе, па мислам дека ќе видиме варијации во нашата конкурентност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ