Саинз: Ферари испрати порака со новиот мотор

Откако стартуваше од крајот на гридот и стигна до осма позиција во Турција, Карлос Саинз смета дека има нешто многу добро во новиот мотор на Ферари. 

Тој стартуваше од 19та позиција поради казната за промена на моторот. Скуредија најавија дека овој викенд Саинз ќе го добие новиот надграден хибриден систем откако на претходниот настан истиот го доби Шарл Леклер. 

Има нешто во моторот, Не зборуваме за тоа, но има нешто. Се покажа дека функцинонира.

Ферари не сопираат, донесовме надградба на седум трки до крајот кога сите мислат на наредната година. Продолжуваме да работиме на моторотот бидејќи сакаме да победуваме, а не да се бориме во топ 10.

Имавме добра трка и можев да напаѓам. Сакам повеќе вакви трки – изјави шпанецот.

Саинз беше избран за Возач на денот, откако успеа да престаса многу возачи.

Имаше многу. Морав да ги престасувам еден по еден и уште на самиот старт бев на 12та позиција.

Мислев дека во првиот свиок ќе сум на 19 позиција и ќе форсирам до крај. Во еден момент престасував еден возач секој круг.

Патеката се сушеше и беше потешко да се престасува, требаше да ги менаџирам гумите и беше тешко да се престасува. На 10 кругови до крајот бев брз, но морав да надоместам тоа што загубив поради менувањето гуми. 

Бавната промена на гуми значеше дека нема да може да го предизвика Ландо Норис за седмата позиција. 

Беше можно, но не може да се пожалам бидејќи сум среќен. Бев на три секунди зад Норис на 10 кругови пред крајот бев зад Окон бидејќи не можев да го престасам. Не можам да се пожалам од денот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ