Саинз шокиран од остатоците од шасијата на Гросжан

На неодамнешната Формула 1 изложба во Мадрид, Карлос Саинз од Ферари имаше можност да ја види изгорената шасија на Роман Гросжан од Големата Награда на Бахреин во 2020 година.

Шпанецот потоа изјави дека бил шокиран кога прв пат ја видел изгорената шасија. Остатоците од кокпитот од Хаас ВФ-20 што му овозможија на Гросжан да го преживее својот огнен судар на почетокот на трката, се изложени во Мадрид. 

Најшокантно парче според мене е секако изгорената шасија на Роман Гросжан.

Тоа е одличен потсетник за тоа колку овој спорт може да биде опасен и покрај сите современи безбедносни мерки. Тоа е исто така потсетник на она што ние возачите го ставаме на линија секогаш кога одиме на трка – вели карлос.

Изложбата прикажува низа историски Ф1 парчиња, вклучувајќи го и болидот на Пјер Гасли од Монца, кој победи на трката и првото јавно прикажување на погонската единица на Скудерија Ферари од раните 2000ти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ