Саинз: Ќе најдеме замена за Мекиес

Карлос Саинз се приклучи на мислењето на Шарл Леклер и не е загрижен за заминувањето на Лорен Мекиес. 

Пред неколку дена беше потврдено дека Франц Тост заминува од шефовското место во АлфаТаури на крајот од оваа сезона, а на негово место доаѓа Лорен Мекиес.

Шпанецот ја вози третата година со Ферари и е среќен што французинот ќе добие нов предизвик. 

Тој е одличен лик и Многу го ценам. Ова е чекор напред во неговата кариера и среќен сум за него. Понудена му е важна улога и мора да ја прифати – свесен е карлос.

Заминувањето на Мекиес доаѓа по заминувањето на Матиа Биното и Давид Санчез од Маранело, но Саинз верува дека празнината брзо ќе се пополни. 

Носиме нов персонал. Не губиме ништо само го реконструираме тимот да биде посилен. Сигурен сум дека ќе ја пополниме загубата. Понекогаш тоа се случува брзо, но сигурен сум дека Фред ќе најде начин. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ